Лига Европа: Експедицијата на Вардар пристигна во Трондхајм! (ФОТО)

Денеска околу 13:00 часот, Вардаровата експедиција пристигна во норвешкиот град Трондхајм, каде што утре „црвено-црните“ ќе го одиграат натпреварот со Розенборг, во рамките од второто коло од групата „Л“ во Лигата на Европа.

Вардарци денеска имаат активности во Трондхајм. Во 18:30 часот, ќе се одржи прес конференција на која што ќе присуствуваат шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски, и еден играч на македонскиот шампион кои ќе ги искажат очекувањата од утрешниот натпревар.

Потоа во 19 часот на стадионот „Леркендал“ ќе се одржи и официјалниот тренинг на екипата. Околу нивниот противник домашните натпревари Розенборг ги игра на стадионот „Леркендал“, кој што има капацитет од 21.405 места.

Со победата над Ајакс оваа сезона, тимот прекина една лоша серија на порази на домашен терен во ЛЕ. Пред овој натпревар, Розенборг немаше триумф пет меча пред своите навивачи во ова натпреварување, а потоа го совлада холандскиот тим, минатосезонскиот финалист во Лигата на Европа.

Еден од познатите играчи на екипата е Никлас Бендтнер, поранешен играч на неколку познати екипи како Арсенал, Јувентус и Волфсбург, и актуелен репрезентативец на Данска.

Фото: fkvardar.mk