Лига Европа, Дзјуба: Против Вардар ни треба победа за првото место во групата!

Денеска во раните утрински часови, екипата на Вардар замина кон Санкт-Петербург каде што утре (четврток, 23. ноември) ќе го игра натпреварот од 5. претпоследно коло од групната фаза во Лигата на Европа против Зенит.

Според најавите македонскиот шампион во текот на денешниот ден ќе го има официјалниот тренинг на стариот стадион на Зенит, а претходно Вардарци ќе одржат прес конференција на која што ќе присуствуваат шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски и еден фудбалер кои ќе ги искажат своите очекувања.

За Русија отпатуваа следните фудбалери: Филип Гачевски, Игор Алексовски, Бојан Тимевски, Ховханес Хамбарџумјан, Евгениј Новак, Дарко Велковски, Бобан Грнчаров, Висар Муслиу, Бесир Демири, Дарко Глишиќ, Никола Глигоров, Бобан Николов, Вања Марковиќ, Хуан Фелипе, Филип Стојчевски, Бесар Исени, Џамбул Џигаури, Петар Петковски, Дејан Блажевски, Тигран Барсегјан, Итало.

Фудбалерот на Зенит, Артем Дзјуба:

Мислам дека во групната фаза од Лига Европа другите противници не се толку посилни од екипите во рускиот шампионат. Но, Лига Европа не е Лигата на шампионите.

Ние ја остваривме првата цел, а сега одиме да го обезбедиме првото место во групата. В четврток ни е потребна победа против Вардар и дојдеме до толку посакуваниот врв.

Сакаме да триумфираме на секој натпревар, сме имале и лоши мечеви, каде што никој не постигнуваше голови, само се тресеше нашата мрежа.

Мислите сега само ни се насочени кон Вардар, а потоа ќе размислуваме и за Спартак Москва“.

Да потсетиме, на првиот меч во Скопје на „Филип Втори“ Арената кој што беше и деби на „црвено-црните“ во ова натпреварување, Русите беа убедливи со 0:5, а со еден гол придонесе Дзјуба.

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата во четврток вечер на стадионот „Крестовски“ со почеток во 19:00 часот.

Тие доаѓаат од Белгија на чело со главниот судија Барт Вертентен. Негови асистенти ќе бидат Рин Ванизер и Тибо Нијсен, а дополнителни асистенти ќе бидат Лоурен Висер и Брам ван Дриеше. Четврти судија е Ив де Нев.

Вертентен е судија кој што има 29 години и три години интернационална кариера. Ова ќе му биде само трет натпревар во групната фаза од ЛЕ. До сега нема судено на македонска екипа или македонска репрезентација.

Лига Европа, 5. коло

Група Л

23. ноември (четврток) Зенит-Вардар (19:00 ч.)
23. ноември (четврток) Розенборг-Реал Сосиедад (19:00 ч.)

Табела:

1.Зенит Ст. Петерсбург 10 бодови
2.Реал Сосиедад 9
3.Розенборг 4
4.Вардар 0

Последно, 6. коло (двојки):

7. декември (21:05 ч.) Вардар-Розенборг-
7. декември (21:05 ч.) Реал Сосиедад-Зенит