Леонард Жута со еврогол, Адеми двоен стрелец за Динамо Загреб! (ВИДЕО)

Во рамките од 21. коло во најсилното хрватско фудбалско првенство убедлив триумф забележа составот на Риека.

На домашен терен со 4:0 го преслуша тимот на Истра 1961, а придонес во трите бода имаше и македонскиот интернационалец.

Леонард Жута кој го одигра целиот меч при позитива од 3:0 во 89. минута реализираше еден прекрасен гол од слободен удар за поставување на конечниот епилог.

На табелата Риека е на второто место со 38 бодови, далеку зад водечкиот Динамо Загреб, За нашиот 25-годишен одбранбен играч ова е прв гол сезонава во 19. настап.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-АДЕМИ СО ПРВИТЕ ГОЛОВИ СЕЗОНАВА ЗА ДИНАМО ЗАГРЕБ-

Аријан Адеми (26) ги постигна првите два гола сезонава за Динамо Загреб во осмиот официјален настап.

„Модрите“ на гостински терен со резултат 2:4 триумфираа над Осиек, македонскиот репрезентативец кој го одигра целиот меч се запиша во листата на стрелците во 38. мин. (0:2) и 68. мин. (0:4).

На спротивната страна за домаќините Музафер Ејупи беше стартер и настапи до 66. минуа кога беше заменет од Пушиќ.

ПРВИОТ ГОЛ НА АДЕМИ НА 01:10 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ

ВТОРИОТ ГОЛ НА АДЕМИ НА 02:40 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ