ЛЕ, Велковски: Розенборг има сличен стил како ФК Копенхаген и Малме!

Вардаровиот дефанзивец Дарко Велковски на официјалната прес конференција денеска, ги искажа своите очекувања од утрешниот натпревар (21:05 ч.) со норвешкиот Розенборг во 6-тото коло од Лигата на Европа.

Имаат сличен стил како екипите кои игравме во квалификациите Копенхаген и Малме. Некако сме навикнати на тој стил на игра, сите играчи се подготвени за овој натпревар, ќе дадеме 100% и се надевам дека ќе ја израдуваме македонската публика“, рече Велковски.

Одбраната ќе биде на тежок испит, затоа што овие тимови се одлични на физички план, и имаат одлична скок игра. Еве каков ќе биде концептот со цел да се спречи противникот и да не се прими гол:

Треба да играме доле по земја, затоа што нашиот противник има доста високи играчи. Ако успееме во тоа, ќе им направиме доста проблеми.

Што се однесува до одбраната, ако бидеме високо поставени, нема да имаме проблеми во тие воздушни дуели со нивните напаѓачи“, додаде одбранбениот играч на „црвено-црните“.

Фото: fkvardar.mk