ЛЕ: Почна продажбата на единечни билети за мечот Вардар-Реал Сосиедад!

Од вчера почна продажбата на единечни билети за натпреварот од Лигата на Европа на Вардар против Реал Сосиедад кој што се игра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје на 19.10.2017 година со почеток во 19:00 часот.

Исто така ќе може да купите влезница и за натпреварот на домашен терен со Розенборг на 07.12.2017 година.

Цената за блоковите 1, 6, 7, 8, 9, 10, 13, 19, 25, 26, 27, 28, 29 и 30 изнесува 600 МКД.

За блоковите 2, 5, 14, 18, 20 и 24 билети се продаваат по цена од 900 МКД.

Билет за блоковите 3, 4, 15, 16, 17, 21, 22 и 23 чини 1.200 МКД.

Уште еднаш ги потсетуваме имателите на ваучери за блок влезници, дека е во тек замената за електронски картички со кои ќе се влегува на следните два домашни натпревари во Лигата на Европа. Замената се врши на билетарницата на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје секој ден од 10 до 18 часот. Замената ќе се врши до недела (01.10). Потоа нема влегување на натпреварите со електронски ваучери“, информираат од ФК Вардар.

Единечни билети за натпреварите од Лигата на Европа може да купите на следните продажни места:

СКОПЈЕ: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Food bar Trend City Mall, Lounge Restaurant Trend, Telekom Trend, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево; Метро Аеродром Александар Велики

Билетарница во С.Ц. „Јане Сандански“: секој работен ден од 10 до 18 часот.

КАВАДАРЦИ: T.A. Атлантик Турс; Метро,

СТРУМИЦА: Скала Травел;

ГЕВГЕЛИЈА: Т.А. Путник;

ГОСТИВАР: Метро 1, Метро 4

ТЕТОВО: Метро

ПРИЛЕП: Т.А. Бран;

ОХРИД: Голден Тобако, New Tobacco;

КОЧАНИ: Радио Кочани;

КУМАНОВО: Т.А. Мерион Травел;

ВЕЛЕС: Унисон.

Фото: fkvardar.mk