ЛЕ: Куче влета на натпреварот Вардар-Розенборг! (ФОТО, ВИДЕО)

Во последниот натпревар оваа сезона во Лига Европа Вардар ремизираше со резултат 1:1 против Розенборг.

Тоа беше еден интересен и возбудлив меч каде што „црвено-црните“ имаат поголем број на шанси преку кои можеше и да слави победа на крајот.

Овој дуел на „Филип Втори“ Арената и покрај ниската температура и ладното време, атмосферата беше одлична и крајно вжештена на трибините, владееше и тензичност, како и досега во теот на групната фаза потребната поддршка и овојпат ја дадоа верните „Комити“, во второто полувреме употребија и пиротехника која УЕФА не ја толерира и според правилникот најверојатно клубот ќе биде парично казнет, а не се знае дали во предвид ќе бидат земени и извиците „УЕФА мафија“, „УЕФА мафија“!

Освен тоа, мечот го одбележа и еден комичен момент, иако ваквите ситуации често можеме да ги видиме на теренот. Имено непосредно пред фантастичната шанса на Новак, едно куче влета на теренот, по што дојде до мал прекин, голманот Гачевски се позанимаваше со него со цел да му го привлече вниманието, а потоа на сцена стапија и самите организатори и редари кои веднаш реагираа, а на сето тоа се насмевна и поранешната ѕвезда на Арсенал и играч на норвешкиот клуб, Никлас „Лорд“ Бендтнер.

Фото: twitter.com/Avanti__News
Видео: Youtube