ЛЕ, Иљараменди: Вардар игра многу добар фудбал, но ние дојдовме да победиме!

27-годишниот поранешен фудбалер на Реал Мадрид, Асиер Иљараменди заедно со тренерот на Реал Сосиедад Еузебио Сакристан ги споделија своите очекувања во пресрет на утрешниот меч во Скопје со Вардар во рамките од третото коло во Лига Европа (19:00 ч.)

Дуелот се игра на нашиот најголем стадион „Филип Втори“, гостите од Шпанија се надеваат дека со победа ќе направат исчекор кон првите две позиции во групата Л кои водат во следната фаза.

Тренерот на Реал Сосиедад, Еузебио Сакристан:

Сакаме да се претставиме во најдобро можно светло. Нашата цел е да ја поминеме групната фаза, а за тоа ќе мораме да триумфираме в четврток. Многу го почитуваме нашиот следен противник кој игра еден многу добар фудбал. Затоа мораме да бидеме максимално подготвени, да пристапиме без никаков страв на овој дуел“.

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Асиер Иљараменди:

Не е клучен натпревар, но секако е важен. Мојата желба е во оваа група Вардар да биде зад нас, секако ако успееме да дојдеме до трите бода во утрешниот меч. Вардар игра многу добро, ќе се обидеме да имаме поголема контрола на топката, да го покажеме нашиот квалитет“.