Лавина критики за Алиоски: Лидс само до бод против Нотингем Форест! (ФОТО)

Нема пауза во Чемпионшип, веднаш се продолжува со лигашките рунди во сезоната…

Денеска во 26. коло на „Иланд Роуд“, Лидс само ремизираше без голови 0:0 против Нотингем Форест.

Македонскиот интернационалец Езгјан Алиоски токму против овој клуб постигна гол во првиот меѓусебен меч (0:2) на гостински терен.

Овојпат нашиот играч немаше најдобро издание, поточно настапи само во првото полувреме (46. минута заменет од Ласога) и доби голем број на критики од стран на своите навивачи поради неговите перформанси.

На табелата Лидс во некомплетното коо е на петтата позиција со 43 бодови и својот нареден дуел ќе го има на 13. јануари на гостувањето кај Ипсвич.

Дел од критиките на фановите на Лидс кон Алиоски беа тоа што често ја губи топката, дека му треба одмор, во последно време не го покажува најдоброто од себе, дека треба да паузира неколку мечеви, па дури го обвинуваат дека наводно се опијанил минатата ноќ во пречекот на Новата година.