Куп: Вардар ќе игра против Шкендија во четвртфиналето

Откако на првиот натпревар заврши 1:1, Вардар во реванш осминафиналето од Купот на Македонија на стадионот во Ѓорче Петров денеска со 0:2 триумфираше против Шкупи.

Вардарци во текот на целиот меч доминираа, но дури во второто полувреме го „скршија“ отпорот на тимот од Чаир и успеаја да обезбедат триумф со кој што се пласираа во следната фаза од ова натпреварување.

После првиот дел немаше голови, иако Вардар имаше три сериозни прилики за гол, додека Шкупи само еднаш се закани по голот на Гачевски.

„Црвено-црните“ во текот на второто полувреме дојде во водство во 64. минута. Нафрлија од левата страна Блажевски со осамениот Николов на вториот дирек кој што со глава успеа да погоди во голот на Шкупи.

Водството од 2:0 стигна во 82. минута, Барсегјан поведе противнапад, стигна до 20 метри од голот, додаде до Николов на левата страна, кој го проигра осамениот Максимов, а Русинот успеа да погоди во мрежата.

На тој начин избраниците на тренерот Чедомир Јаневски во четвртфиналето ќе играат против Шкендија. Победникот ќе им се придружи на полуфиналистите Академија Пандев, Ренова и Пелистер.

ШКУПИ – ВАРДАР 0:2 (0:0) вк. резултат: 1:3

Стадион: „Ѓорче Петров“ во Скопје. Гледачи: 1.000

Судија: Александар Ставрев (Скопје).

Стрелци: 0:1 Николов 64’, 0:2 Максимов 82’

Ж. Картони: Бајрами, Кривањева, Малиќи, Стојкоски (Ш) – Тодороски, Фелипе (В).

ШКУПИ: Зендели, Малиќи, Бериша, Кривањева, Зука, Адем, Бајрами (69’ Асани), Имери (62’ Демири), Таипи, Стојкоски, Јашароски.

ВАРДАР: Гачевски, Тодороски (78’ Демири), Велковски, Муслиу, Новак, Глигоров, Николов (90’ Петковски), Фелипе, Блажевски (86’ Колевски), Барсегјан, Максимов.

Фото: fkvardar.mk