Куп мечот Вардар-Шкупи ќе се игра в четврток во Ѓорче Петров

Екипата на Вардар во четврток го игра првиот 1/8 финален натпревар од Купот на Македонија против Шкупи.

Поради потребата да се сочува теренот на Националната Арена „Филип Втори“, овој меч ќе биде одигран на стадионот во Ѓорче Петров со почеток во 13 часот.

Останатите екипи утре ќе ги одиграат своите први четвртфинални пресметки, со оглед дека Вардар поради обврските во Лигата на Европа, ќе мора да ги игра овие мечеви во овој термин. Реваншот од овој натпревар се игра на стадионот „Чаир“ на 17. декември 2017 година.

Доколку успее да се пласира во следната фаза, Вардар ќе ги одмери силите со Шкендија. Тие натпревари би се играле идната година, односно во пролетниот дел од оваа сезона.

Во единствениот натпревар против Шкупи оваа сезона, Вардар во првенството го совлада својот ривал со 1:0. Веднаш потоа во недела „црвено-црните“ гостуваат на Чаир против истиот тим во рамките од првенството.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-НАТПРЕВАРОТ РАБОТНИЧКИ-СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ИГРА В НЕДЕЛА, НА КОМПЛЕКСОТ НА ФФМ-

Натпреварот од 18.коло во Првата фудбалска лига меѓу Работнички и Скопје ќе се одигра на комплексот на ФФМ, в недела со почеток од 13 часот.

Поради недостапноста на арената „Филип Втори“, Работнички како домаќин за овој меч го избра стадионот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот.

Во пресрет на ова коло, Работнички се наоѓа на петтата позиција на табелата со 20 освоени бода и еден одигран меч помалку, додека тимот на ФК Скопје е последнопласиран, со 10 бода.