Куп, 1/8: Реми на Вардар и Шкупи, на Чаир ќе се дознае ривалот на Шкендија!

Во првиот 1/8 финален натпревар од Купот денеска одигран на стадионот во Ѓорче Петров, Вардар како домаќин одигра 1:1 против составот на Шкупи.

Уште во осмата минута поведоа гостите со погодокот на Јашароски, а израмнувањето се случи во 59. минута преку Ерменцот Барсегјан.

ВАРДАР: Алексовски, Тодороски, Велковски, Новак, Глишиќ (45’ Муслиу), Глигоров, Исени (76’ Стојков), Фелипе, Барсегјан, Џигаури (46’ Максимов), Итало.

ШКУПИ: Зендели, Малиќи, Кривањева, Бериша, Зука, Адем, Стојкоски, Таипи (77’ Бајрами), Имери (64’ Демири), Мбела, Јашароски (83’ Исмаиљи).

Реваншот ќе се одигра на Чаир на 17. декември со почеток од 13:00 часот и победникот во четвртфиналето ќе ги одмери силите против Шкендија.

Да потсетиме, во текот на вчерашниот ден ги дознавме веќе и трите екипи кои обезбедија настап во полуфиналето, тие се Академија Пандев, Ренова и Пелистер.

Фото: fkvardar.mk