Крстаноска за Спорт365: Многу значи победата над Црвена Звезда, амбициите се освојување на двојната титула! (ВИДЕО)

Во дербито од третото коло во женскиот српски фудбалски шампионат Спартак Суботица на гостински терен со 0:2 ја совлада екипата на Црвена Звезда.

На Спортскиот центар ФСБ на Ади (Белград) Симона Крстаноска имаше придонес во освојувањето на трите важни бодови, откако во 41. минута од средбата асистираше до нејзината тимска колешка Марсела Насименто. Конечниот епилог го постави Нина Дорине во 81. минута која одигра двоен „пас“ со Марсела.

Македонската фудбалерка ексклузивно говореше за нашиот веб портал „Спорт365.мк“:

СПОРТ365: Какви се вашите впечатоци, самите импресии од одиграниот дуел против Црвена Звезда?

КРСТАНОСКА: „Доста тежок натпревар во кој домаќинот имаше шанса уште во првата минута од натпреварот да поведе.

Многу добро беа дисциплинирани во дефанзива. Добро влегоа во мечот, со надеж на транзиција и наша грешка да постигнат гол.

За разлика од нив, ние влеговме малку послабо во овој натпревар, но треба да бидеме задоволни што сепак ја остваривме нашата цел, а тоа е победа која многу ќе ни значи во понатамошниот дел од натпреварувањето“.

СПОРТ365: Колкави се амбициите на Спартак оваа сезона со оглед на одличниот старт и трите оствареи победи во низа во шампионатот?

КРСТАНОСКА: „Нашите амбиции се, секако, освојување на двојната титула“.

На табелата води ЖФК Спартак со максимални девет бодови, а според програмата во наредното четврто коло повторно ќе игра на гости овојпат кај Пожаревац.

АСИСТЕНЦИЈАТА НА КРСТАНОСКА ВО ПОБЕДАТА НА ЖФК СПАРТАК ПРОТИВ ЖФК ЦРВЕНА ЗВЕЗДА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ НА 03:58 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ: