Костадинов со Ружомберок во полуфиналето на словачкиот Куп!

Денеска во четвртфиналето составот на Ружомберок оствари триумф над Попрад (0:2).

Најпрвин комичен момент во 32. мин. Хриц кој ја враќаше топката до својот голман, но овој направи катастрофална грешка и си постигна автогол за водство на гостите.

Македонскиот интернационалец Тихомир Костадинов настапи до 63. мин. кога беше заменет од Геснабел, а претходно заработи и жолт картон.

Конечниот епилог на натпреварот го постави Масло во 80. мин. од средбата. Се одигра уште еден дуел Спартак Трнава (во чии редови не настапи нашиот напаѓач Стефан Богдановски) со 2:0 го елиминираше тимот на Дунајска Стреда.

Во останатите четвртфинални дуели се среќаваат: Борчице-Жилина и Слован Братислава-Липтовски Микулаш.