„Комити“ најавуваат фешта: Дербито Вардар-Пелистер в недела под рефлектори!

Официјално променето е времето на почетокот на натпреварот на Вардар и Пелистер кој ќе се одигра в недела во Скопје.

Наместо оној непопуларен термин од 13:00 часот, овој пат вечното дерби ќе се одигра под рефлектори од 18:00 часот в недела (19. ноември).

Ова е голема причина повеќе за сите симпатизери на Вардар и Комити, да дојдат на стадион и сите заедно да го прослават јубилејот на навивачите и на својот клуб.

За овој натпревар се подготвува Дефиле кое ќе биде во петок. На денот на натпреварот Комитите најавуваат богата програма и незаборавна фешта. Собирот на Комитите ќе биде в недела во 15 часот на Плоштад Македонија“.

-ЧЕДОМИР ЈАНЕВСКИ СО НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ“ НА ГРАД СКОПЈЕ-

Да додадеме уште дека во Македонската опера и балет, се одржа свеченоста по повод одбележување на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, на која градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на годинешните добитници им ги врачи наградите и им се обрати на присутните гости.

Од областа на спортот, покрај тоа што Атанас Николовски ја доби наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2017. година за значајни постигнувања во областа на кајакарскиот спорт, истото признание за долгогодишни врвни резултати во областа на фудбалскиот спорт го доби и тренерот на фудбалскиот клуб Вардар, Чедомир Јаневски, информира Официјалниот портал на Град Скопје (skopje.gov.mk)