Кипар: Тричковски ја најави победата против Омонија! (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец го постигна деветтиот гол сезонава во најсилното кипарско фудбалско првенство…

Неговиот клуб АЕК Ларнака триумфираше на гостувањето кај екипата на Омонија со конечен резултат 1:3. Во 26. мин. Иван Тричковски донесе водство, а во Никозија настапи до 87. мин. кога беше заменет од Шпанецот Муриљо, додека пак Даниел Мојсов го одигра целиот дуел на „ГСП“ стадионот.

Со 17. победа сезонава АЕК Ларнака е моментно на четвртото место со 58 бодови, одржувајќи ги шансите за едно од местата кои водат на меѓународната сцена наредната сезона.

На третата позиција е Анортозис со 60 бодови, а водечки се тимовите на Аполон и АПОЕЛ со по 67 кои имаат и меч помалку. Во следното коло АЕК Ларнака на 31. март ќе го пречека лидерот Аполон.