Каков Галатасарај, каква ЦСКА Москва: Јаховиќ останува во Гезтепе!

Изминатиот период се шпекулира дека македонскиот интернационалец би можел да го напушти Гезтепе…

Адис Јаховиќ пред себе има досега една одлична сезона и моментно е прв стрелец во најсилното турско првенство со 11 голови од 10. натпревари.

Пред скоро три недели неговиот клуб се наоѓа при самиот врв на табелата, но во последните три лигашки мечеви забележа учинок од едно реми и два порази за осмо место со 17 бодови, девет помалку зад лидерот Галатасарај.

Секако, од друга страна со големо внимание се следи голгетерската форма на Јаховиќ, откако најпрвин интерес според турските медиуми интерес покажале руската ЦСКА Москва и Бешикташ, сега најновиот тим во трката за потписот на 30-годишниот напаѓач се наоѓа и Галатасарај.

После завршувањето на двата последни мундијалски квалификации против Италија и Лихтенштајн каде што не доби шанса од Ангеловски, по што играчот преку социјалните мрежи објави дека и дефинитивно се повлекува од националниот дрес, целосно сега е фокусиран кон клупските обврски.

Околу шпекулации за неговата иднина денеска веднаш кратко и јасно се огласи претседателот на Гезтепе, Мехмет Сепил: „Јаховиќ не мрда никаде, тој останува во Гезтепе. Тој е еден комплетен тимски играч, го дава максимумот за нашиот клуб“.