Јаневски си заминува, Бабунски ќе биде новиот тренер на Вардар!

Како што пренесува официјалниот веб сајт на „vardarfans.mk“, Чедомир Јаневски по нецела сезона си заминува тренерската клупа на Вардар…

Замената е експресно најдена во Бобан Бабунски, кој досега беше тренер на младинците на Вардар. Но, иако од управата е веќе избран Бабунски како нов предводник на „црвено-црните“, сеуште нема право да седне на кормилото, бидејќи Јаневски побарал некои услови од клубот пред да си замине.

Па така, по се изгледа на дерби дуелот со Шкендија кој е на програмата в среда, предводник од клупата ќе биде Александар Васовски, кој останува во стручниот тим и во иднина.