Јаховиќ: Прв стрелец во Турција и повикан како резерва во репрезентацијата!?

Адис Јаховиќ беше повикан од селекторот Игор Ангеловски како замена за повредениот Бобан Николов…

Беше во составот на македонската сениорска репрезентација за последните квалификациски натпревари за СП 2018 против Италија и Лихтенштајн, но не доби шанса за настап.

Да, факт е дека играчот на турскиот клуб Гезтеше е еден од најдобрите стрелци сезонава во најсилниот турски шампионат, а од друга страна, сепак го изрази незадоволството од тоа што не доби шанса во Торино и Струмица.

30 голови за една година во Турција не се доволни. Прв стрелец во Супер лига на Турција и повикан како резервен играч во Репрезентација…Браво. Ама јас имам карактер поголем него вие сите заедно ДУШМАНИ!“, напишал Адис Јаховиќ на фејсбук профилот.

Да додадеме уште дека како што пренесуваат турските медиуми, Гезтепе поради неговите добри игри сака да го продолжи договорот со Јаховиќ. Важечкиот му истекува во мај 2018. година.