Јаховиќ асистент против Фенербахче, беше и во физички судир со Шкртел! (ВИДЕО)

Во 18. коло од најсилното турско фудбалско првенство составот на Фенербахче славеше дома со 2:1 против Гезтепе.

После првото полувреме водеше Фенер со голот на Фернандао од 15. минута на средбата, потоа израмнија гостите преку Бијого Поко во 59-та после асистенцијата на македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ.

Домаќините се извлекоа во самиот финиш, поточно во 94. минута доаѓајќи до трите бода благодарение на автоголот на Србинот Косановиќ.

Јаховиќ настапи на целиот меч за Гезтепе, а на спротивната страна и на овој дуел (после оној во Купот) на клупата остана нашиот млад репрезентативец Елиф Елмас, односно повторно ќе почека на своето деби на официјален меч во првиот тим на Фенербахче.

На табелата води Фенербахче со 36 бодови, колку што има и второпласираниот Башакшехир, додека трет е Галатасарај (35). Следуваат Бешикташ, Кајсериспор и Гезтепе со по 30 бодови, редоследно од четвртото до шестото место.