Извлечени полуфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија

Беа извлечени двојките за полуфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија…

Тетовска Шкендија која во четврфиналето го елиминираше Вардар ќе ги одмери силите против градскиот ривал Ренова.

Во втората пресметка битолски Пелистер за противник го доби составот на Академија Пандев кој пак во претходната фаза беше подобар од Тетекс.

Сезона 2017/2018

Куп на Македонија (полуфинале)

ФК Шкендија – ФК Ренова

ФК Пелистер – ФК Академија Пандев

Термини за одигрување на натпреварите:

14.03.2018., среда, 14.00 | прв натпревар

11.04.2018., среда, 16.00 | реванш натпревар

Финале 09.05.2018

Фото: kfshkendija.com