Ивановски стрелец на четири голови во победата на Белупо

Денеска во пријателскиот натпревар на хрватскиот клуб како подготовка за вториот дел од сезоната…

Висока победа од 8:0 славеше Белупо против словенечката екипа на Гросупље, после првото полувреме беше 2:0.

Еден од најзаслужните за убедливиот триумф беше македонскиот интернационалец Мирко Ивановски кој четири пати се запиша во листата на стрелците.

Првиот гол го реализираше од пенал во 69. мин. за 3:0, потоа ги постигна четвртиот (76.) и петтиот гол (85.) на клубот, а во 91. минута се погрижи за 7:0.

За Белупо настапи и неодамнешното засилување, нашиот интернационалец Томе Китановски.