Ивановски стрелаше за Славен Белупо против Максимир!

Во пријателски натпревар составот Славен Белупо со 5:1 го совлада третолигашот Максимир.

Ова беше подготовка пред новиот прволигашки натпревар во хрватската лига со Риека во Копривница следната седмица.

Свој придонес во триумфот имаше и македонскиот интернационалец Мирко Ивановски кој се погрижи за зголемување на предноста од 2:0. Во составот на Славен Белупо настапи и вториот наш играч Томе Китановски.

Моментно на табелата во тамошниот шампионат Славен е на шестото место со 31 бод, додека Риека на нашите Леонард Жута и Милан Ристовски е третопласирана со 51.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-КУП НА СЛОВАЧКА: КОСТАДИНОВ И РУЖОМБЕРОК СО ПРЕДНОСТ НА ПРВИОТ ПОЛУФИНАЛЕН НАТПРЕВАР-

Денеска се одигра првиот натпревар од полуфиналето во фудбалскиот Куп на Словачка…

На домашен терен составот на Ружомберок триумфираше минимално со резултат 2:1 против Жилина.

Нашиот интернационалец Тихомир Костадинов настапи за домаќините од 78. мин. како замена за асистентот на првиот погодок, Луптак.