Италија против Македонија со Буфон, Кјелини, Де Роси, Ел Шарави…! (ФОТО, ВИДЕО)

Селекторот Вентура го објави составот за претстојниот квалификациски натпревар за пласман на СП 2018 против Македонија.

Мечот во рамките од квалификациската група Г ќе се одигра на 6. октомври (20:45 часот) на стадионот во Торино кога главен судија ќе биде Тиаго Мартинс од Португалија.

Италијанците како фаворити и понатаму ги одржуваат шансите за освојување на првото место кое води директно на Мундијалот, но од друга страна само „чудо“ треба да се случи Шпанците да кикснат на последните два дуели со Албанија и Израел.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Се враќа Адеми: Селекторот го објави списокот за мечевите со Италија и Лихтенштајн!

На табелата води Шпанија која веќе има обезбедено барем плеј-оф со 22 бодови, три повеќе од Италија, трета е Албанија (13) која и понатаму им теоретски шанси за учество во плеј-офот, а од претходно се елиминирани Израел (9), Македонија (7) и Лихтенштајн (0).

Составот на Италија за натпреварот против Македонија:

Буфон, Донарума, Перин, Астори, Барѕаљи, Бонучи, Кјелини, Д`Амброзио, Дармијан, Ругани, Спинацола, Запакоста, Де Роси, Пароло, Пелегрини, Верати, Бернардески, Кандрева, Ел Шарави, Инсиње, Верди, Белоти, Мартинс, Габиадини, Имобиле.