Интерес од Португалија за Кире Маркоски?!

Како што пренесува португалскиот „record.pt“, екипата на Портимоненсе покажува интерес кон 22-годишниот напаѓач на Работнички.

Кире Маркоски постигна седум голови во 11 натпревари досега оваа сезона во дресот на „романтичарите“. Има три настапи и еден погодок за македонската сениорска репрезентација, а да потсетиме лани беше дел од У21 селекцијата на ЕУРО во Полска каде што постигна погодок против Португалија (2:4).

Портимоненсе моментно настапува во најсилната португалска лига и после 16. кола е на 11. позиција со 17 бодови.