Интерес од Данска има за Дарко Велковски

На крајот од сезоната му истекува договорот на 22-годишниот Дарко Велковски со македонскиот шампион Вардар.

Како што дознаваме, Брондби покажува интерес за Велковски за кого сметаат дека освен што може да придонесе во дефанзивата, може да помогне и во нападот.

Брондби моментно после 17. кола во најсилното данско првенство се наоѓа на првото место со 39 бодови, еден повеќе од Митјиланд.

Со „црвено-црните“ успеа двапати да дојде до титулата шампион на Првата македонска лига, а претходно ги бранеше и боите на Работнички, во чиј дрес еднаш дојде до врвот во шампионатот, а двапати во националниот куп.

Фото: fkvardar.mk