Има понуди од Шпанија и Холандија, а Фенербахче сака да го продолжи договорот со Елмас!

Елиф Елмас би можел наскоро да продолжи во Холандија, барем како што пренесуваат турските медиуми.

Играчот за врска во нападот има „дозвола“ од Фенербахче да замине привремено и според изворот „Сабах“ има понуди од Шпанија и Холандија.

Претходно беше објавено дека можно е да замине на позајмица во Генчлербирлиги, досега настапуваше за првиот тим на Фенер во пријателски натпревари, како и за У21 тимот.

Потсетување, македонскиот млад репрезентативец направи трансфер од Работнички во турскиот гигант за 180.000 илјади евра во јули годинава и потпиша три-годишен договор.

Право на настап за првиот тим на Фенербахче на официјалните натпревари ќе има од јануари 2018 год. и ќе може да настапува во најсилната турска лига.

Но, засега сеуште не е познато дали управата ќе се одлучи да го пушти за вториот дел од сезоната со оглед на големиот број на странци во составот.

Се шпекулираше изминатиот период дека ќе се продадат дел од странците со цел да му се направи место на нашиот голем фудбалски талент.

Исто така, Фенербахче е свесен дека му е потребно поголемо искуство, но воедно е и задоволен од досегашниот развој на Елмас и посакува да биде продолжен неговиот договор до средината на 2020 год.

Како што веќе рековме има понуди од Холандија, потсетување во 2015. год. беше на пробен период во Херенвен, а исто така се говори дека Депортиво Ла Коруња ги посакува услугите на нашиот играч.