Ибраими во комична ситуација: Домжале се пофали – играме многу брзо! (ВИДЕО)

Домжале пред два дена во најсилното словенечко првенство ја забележа својата седма победа (втора по ред) дома над Кршко.

Со тие три бода Домжале моментно после 16. кола е на четвртото место со 25 бодови, зад водечкиот Марибор (40), Олимпија (37) и Рудар (25).

Како што од претходно се знае, македонскиот интернационалец Агим Ибраими после долго време се врати на терените, од оваа сезона ги брани боите на Домжале, во чии редови настапува и Зени Хусмани.

Дефинитивно со доаѓањето на Ибраими кој досега има два настапи, Домжале игра уште подобро, и побрзо, а тоа го докажува и следниот видео запис.

Во текот на натпреварот со Кршко, една комична ситуација каде што Ибраими истовремено со неговиот клупски колега Матија Широк изведоа аут.

Без сомнение Ибраими има голема желба повторно да се врати во својата стара добра форма, на пријателски мечеви почна да асистира, а се надеваме ќе дојдат и головите.

Еве како Домжале ја објасни споменатата комична ситуација: „Нашиот тим игра многу брзо. Понекогаш и пребрзо“.