И покрај минатото во Лацио, Балардини ја признава грешката и сака да игра Пандев!

Новиот тренер на Џенова, Давиде Балардини вели дека сака да игра македонскиот репрезентативец…

Да потсетиме, во времето кога соработуваа заедно во Лацио, Балардини призна дека ја направил една од своите најголеми грешки во својата кариера.

Имено, тој со „леснотија“ ги прифаќал одлуките на газдата на римскиот клуб, Клаудио Лотито, нашиот Горан Пандев и Кристијан Ледесма бидат суспендирани.

Балардини сфатил дека погрешил и покрај почитувањето на Лотито и самите одлуки. Во 2009 год. Балардино го наследи Делио Роси на тренерската клупа, а токму во тој период Пандев беше суспендиран од Лотито, бидејќи бараше да си замине од клубот.

Вкупно четири месеци беше надвор од терените, воопшто не тренираше после наредбата на Лотито. Следуваа лоши резултати, клубот тонеше, но успеа на крајот да обезбеди опстанок во Серија А.

Балардини за своите постапки доби отказ, Пандев ја доби тужбата против Лотито и доби отштета од 170.000 евра. Потоа, следуваше трансфер во Интер со кој дојде до титулата шампион во Италија и големиот трофеј во ЛШ.

Ги знам играчите, и покрај тешкотиите со кои се соочува клубот оваа сезона, верувам дека има во тимот желба и простор за докажување и дека може да се направат добри резултати за враќање на позитивната атмосфера. Мојот план е да покажеме еден добар стил на игра во текот на мечевите, а има фудбалери кои што можат тоа да го направат.

Што се однесува до Горан Пандев, со нетрпение очекувам да му дадам шанса да настапува, како и на Лука Ригони, бидејќи претходно бев во позиција каде што потпишав договор и ме замолија да не го користам Пандев, затоа што тој имаше проблеми со обновувањето на договорот.

Стоев на зборот и покрај тоа што станува збор за еден извонреден играч. Истото можам да го кажам и за Ригони, тој имаше договорен проблем. Двајцата фудбалери се многу вредни и добри луѓе. Јас сум 100% среќен што ги имам во екипата“, рече Балардини, новиот тренер на Џенова.

После 12 одиграни натпревари Џенова е на 18. место во опасната зона за испаѓање со шест бодови. Следниот меч ќе го има на 19. ноември на гостувањето кај Кротоне.

Пандев (34) кој ја игра својата трета сезона во Џенова, во досегашните осум мечеви во Серија А нема ниту еден погодок.