Хуан Фелипе си заминува од Вардар! (ФОТО)

Како што беше објавено на Фејсбук страницата на „Вардар Фанс“…

Најдобриот играч на ФК Вардар, Хуан Фелипе, утринава се поздравил со играчите на Вардар во базата во Хиподром и со целиот персонал…

Бразилецот им соопштил дека си заминува од шампионот на Македонија. Иако имаше договор со Вардар до 2020 година, сепак, со спогодбен раскин на договор си заминува од таборот на „црвено – црните”.

Досега во македонскиот фудбалски шампионат имаше 23 натпревари и седум голови.