Хрватска: Китановски стрелаше и против Хајдук Сплит! (ВИДЕО)

Во рамките од 16. коло во најсилното хрватско фудбалско првенство…

Екипата на Истра 1961 загуби на домашен терен од Хајдук Сплит со резултат 1:3.

Единствениот гол на домаќините го постигна македонскиот интернационалец Томе Китановски кој убаво стрелаше во мрежата на Стипица.

За нашиот 25-годишен дефанзивен ова е трет гол во 14. настап за Истра оваа сезона. Го одигра целиот меч, како и неговиот тимски колега Ристо Митревски кој исто така настапува во делот на одбраната.

На табелата Истра после деветтиот пораз е на претпоследното деветто место со 13 бодови, само еден помалку зад Цибалија која е во безбедната зона.