Хрватска: Херој на Рудеш, хет-трик на Фазли против Цибалија! (ВИДЕО)

Денеска во 32. коло од најсилното хрватско фудбалско првенство нова победа за екипата на Рудеш…

На домашен терен во еден драматичен натпревар со резултат 3:2 екипата на Рудеш триумфираше над Цибалија.

Најзаслужен за триумфот на домаќините беше македонскиот интернационалец Самир Фазли забележувајќи хет-трик.

Во самиот финиш во 90. мин. Цибалија поведе со 1:2, но во судиското надополнување Фазли прави целосен пресврт за радост на трибините.

Ова е важен триумф за Рудеш во борбата за опстанок, моментно на четири кола до крајот на сезоната се наоѓа на осмото место со 30 бодови, пред последнорангираните кои се во опасната зона за испаѓање, Истра 1961 (25) и Цибалија (24).

ПРВИОТ ГОЛ НА ФАЗЛИ НА 00:19 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ –

ВТОРИОТ ГОЛ НА ФАЗЛИ НА 01:22 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ –

ТРЕТИОТ ГОЛ НА ФАЗЛИ НА 01:44 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ –