Хрватска: Два гола на Ивановски за шест минути против Локомотива Загреб! (ВИДЕО)

Во рамките од 29. коло во најсилното хрватско фудбалско првенство нов пораз за составот на Славен Белупо…

На гостински терен загуби убедливо од екипата на Локомотива Загреб со 5:2, иако на полувремето имаше нерешен резултат.

При негатива од 2:0 во текот на првото полувреме за период од шест минути со два гола (32., 38.) израмнување донесе македонскиот интернационалец Мирко Ивановски.

После 14. пораз (четврти по ред) Славен останува во безбедната зона на седмото место со 31 бод.

Досега во шампионатот на Хрватска, Ивановски вкупно 13 погодоци од 23. настапи во дресот на Славен Белупо и моментно е трет стрелец во првенството.