Холандија: Ѓорѓев и Твенте останаа без тренер

Рене Хаке ја напушти клупата на Твенте после слабиот старт во новата сезона.

Клубот во најсилната холандска лига се наоѓа моментно на 15. место со само шест бодови во првите осум натпревари што водеше до ослободување на обврските на Хаке.

Според информациите тој ќе остане во клубот, но со поинаква улога. Се додека не се пронајде нов стратег, засега тренерската улога ќе ја има досегашниот асистент, Босанецот Марино Пушиќ.

Во екипата на Твенте од оваа сезона настапува и младиот македонски репрезентативец, Никола Ѓорѓев кој годинава беше дел од Европското првенство во Полска за играчи до 21. година.

Немаше досега голема минутажа нашиот интернациолец, во шампионатот настапи на два натпревари против ВВВ и Феенорд, а беше на клупата на дуелите со Вилем 2, Утрехт, Спарта Ротердам и Цволе.