Холандија 2: Ашковски одново е херојот на Ситард! (ВИДЕО)

Во рамките од 30. коло во втората холандска фудбалска лига значаен триумф оствари екипата на Ситард…

На гостински терен триумфираа избраниците на тренерот Брага со минимален резултат 1:2 против тимот на Ос.

При нерешени 1:1 македонскиот интернационалец Стефан Ашковски ги донесе трите бода со погодок во 81. минута од средбата.

За нашиот играч кој настапи од 62. мин. како замена за Стокерс ова беше 12. гол сезонава и е веднаш зад најдобрите 10 стрелци во шампионатот.

Ситард ги одржува шансите за едно од местата кои водат наредната сезона во најсилното холандско првенство, моментно после 30. кола е на третото место со 56 бодови, зад водечките Јонг Ајакс (61) и Нијмеген (60).

ГОЛОТ НА АШКОВСКИ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА 03:28. МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ: