Хасани двоен стрелец, Шкендија успеа да го надигра и тимот на Пелистер

Во дербито од деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ), составот на Шкендија на гости го совлада Пелистер со 1:3.

Во првото полувреме двапати во листата на стрелците се запиша Хасани, во вториот дел за зголемување на предноста се погрижи Жуниор, а битолчани поразот го ублажија преку Цветковски.

Без голови на дуелите во Скопје и Тетово, а Силекс со голот на Бујчевски во деветтата минута беше подобар пред своите гледачи против Академија Пандев (1:0).

1МФЛ, 9. коло

Скопје-Работнички 0:0
Пелистер-Шкендија 1:3
Ренова-Победа 0:0
Силекс-Академија Пандев 1:0