Гранде „ГРАНДЕ“ Пандев: Фантастичен лоб за триумф на Џенова! (ВИДЕО)

Вечерва во 34. коло од најсилното италијанско фудбалско првенство нови три бода за екипата на Џенова…

На стадионот „Луиџи Ферарис“ со конечен резултат 3:1 избраниците на тренерот Балардини триумфираа над Верона.

При водство од 2:1 за домаќините во 81. мин. на теренот како замена за Португалецот Медеирош влезе македонскиот интернационалец Горан Пандев.

Нашиот репрезентативец практично го постави конечниот епилог во самиот финиш од средбата (90+3) со еден прекрасен лоб удар во мрежата на немоќниот голман Николас.

Со вечерашниот меч се комплетираше 34. коло во Серија А, тимот на Џенова моментно е на 11. место со 41 и теоретски може да се каже дека го обезбеди опстанокот на четири кола до крајот на сезоната.