Гол на Митревски за четвртфинале во Купот на Хрватска (ВИДЕО)

Денеска во осминафиналето од хрватскиот Куп составот на Истра иако двапати имаше негатива, двапати се враќаше и направи целосен пресврт.

Како гостин на стадионот во Винковци триумфираше со конечен резултат 2:3 против екипата на Цибалија и на тој начин се пласираше во четвртфиналето.

Перван донесе водство за домаќините од белата точка во 41. минута, само 120 секунди подоцна израмнија гостите преку Халиловиќ.

Перван повторно ги израдува своите соиграчи со погодок во 57. минута, а пресвртот се случи во самиот финиш од средбата.

Најпрвин израмни македонскиот интернационалец Ристо Митревски од пенал во 84. минута, а конечниот епилог го постави Грујевиќ во 88-та.

ГОЛОТ НА МИТРЕВСКИ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА 01:04. МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ: