Ѓуровски го напушти Бангкок Јунајтед, но останува во Тајланд

32-годишниот играч за врска во нападот го напушти составот на Бангкок Јунајтед…

Тој за својата досегашна екипа имаше учинок од 57. одиграни натпревари и 29. реализирани голови.

Поранешниот македонски репрезентативец останува во тајландскиот шампионат, односно потпиша договор со тимот на Бангкок Глас.

Таму настапуваа претходно уште двајца Македонец, Дарко Тасевски кој што во периодот од 2014-2016 имаше 77 мечеви и 21 погодок, како и Баже Илијоски (14 натпревари, осум голови) и воедно двајцата дојдоа до трофејот во ФА Купот на таа земја.

Возбуден сум и среќен што ќе му се придружам на Бангкок Глас“, рече Ѓуровски кој потпиша две-годишен договор со новиот клуб.

Претходно во кариерата беше дел уште од Црвена Звезда (без официјална средба), на позајмица во ОФК Младеновац и Сопот, потоа се пресели во Бежанија, Војводина, Металург Доњецк и Муангтонг Јунајтед.