Фудбалерите на Победа побараа исполнување на ветувањата за исплата на заостанатите обврски!

Фудбалскиот клуб на Победа го имаше првиот собир во новата 2018. година, за утре се најавени првите тренинзи во зимските подготовки.

Осетно ослабениот состав на прилепскиот прволигаш во отсуство на претседателот Ингилизов и Шефот на Стручниот штаб Бубања (кој доаѓа во текот на утрешниот ден) 10-тината првотимци кои останаа во клубот и 10-тина младинци беа присутни на првиот собир со замениците на Бубања Вршкоски, Стерјоски и Кебакоски.

Фудбалерите побараа исполнување на ветувањата за исплата на заостанатите обврски. Во веѓувреме Победа ја напуштија: Шаркоски, Ристевски, Најдовски, Цветаноски, Илиески, Маневски, Илијовски, Мирчевски и Недановски. Исто така, досегашниот играч на ФК Победа, Бурхан Мустафов ја продолжува кариерата во албанскиот клуб на Теута.

На утрешниот очекуван прв тренинг кој ќе го води Бубања ќе бидат присутни двајца интернационалци кои се веќе во Прилеп и ќе бидат на проба. 24-годишниот играч за врска Усеин Мунпаин, кој настапувал за аргентинскиот Хуракан и младиот 19-годишен француски центарфор Отман Елауниа, кој доаѓа од младиот тим на англискиот премиерлигаш Бурнемут каде во 21 куп натпревар постигнал 15 голови.

До крајот на неделава ќе пристигне и 22-годишниот бразилски офанзивен играч за врска Лукас Силва Сантос Јуниор, како и уште неколку други играчи кои Бубања треба да ги види и реши кој од нив ќе остане во клубот и да му помогне во борбата за опстанок.

За 16-ти јануари е закажан првиот контролен натпревар со Шкендија во Охрид. Пролетниот дел на првенството на Првата лига започнува на 14-ти февруари со дуелот Победа-Пелистер. Победа есенската полусезона ја заврши на 7-то место на табелата со 19 освоени бодови.