ФФМ донираше опрема, реквизити и фудбалски топки на 42 клубови од женската лига

Фудбалската федерација на Македонија во насока на развој на женскиот фудбал донесе низа одлуки кои имаат цел популаризација на женскиот фудбал и поголема вклученост на девојчињата во фудбалот.

Со одлука на Управниот одбор на ФФМ, женската А репрезентација повторно е реактивирана, а прифатен е и предложениот проект за развој на женскиот фудбал. Од следната натпреварувачка сезона е донесена одлука и за формирање младинска лига за девојчиња.

Фудбалската федерација на Македонија донираше опрема наменета за клубовите од женскиот фудбал. Денеска во „Куќа на фудбалот“ опрема и фудбалски топки добија вкупно 42 клубови од Првата лига и регионите во државата.

Ја поздравуваме одлуката на Федерацијата за реактивирање на женската А репрезентација. Тоа е многу позитивен чекор и голема мотивација за сите кои се вклучени во работата со женскиот фудбал. Исто така многу важен е проектот за развој на младинскиот фудбал во женска категорија, ќе биде поттик за девојчињата и тренерите.

Ќе придонесе за нивно поголемо вклучување во фудбалот, а за нас тоа е битно. Важно е и за тренерите и за селекторите со цел да го подигнеме квалитетот на женскиот фудбал во Македонија. Сите ние кои сме вклучени во женскиот фудбал знаеме дека можеме да напредуваме и тоа ќе го потврдиме.

Благодарност до ФФМ за доделената опрема, за сите нас е значајно кога имаме страна која не поддржува и ни дава поддршка“, изјави Снежана Трпевски, претседател и тренер на ЏИ-ЏИ Скопје.

Дефинитивно мотив повеќе за девојките е тоа што е реактивирана женската А репрезентацијата на Македонија.

Ќе продолжат да играат фудбал и да ја претставуваат Македонија, се надевам на многу подобар начин. Преку новиот проект за развој наженскиот младински фудбал повеќе девојчиња ќе се вклучат во играта, а тоа е предизвик и за нас тренерите.

Благодарност за укажаната шанса и за помошта во опрема која ја добивме“, рече Астрит Мерко, тренер на АС Јунајтед и селектор на Македонија до 19 години.

Фото: ffm.mk