ФФМ донираше опрема и реквизити за младинскиот фудбал во клубовите

Фудбалската федерација на Македонија согласно одлуката на Управниот одбор и потпишаната согласност од клубовите од Прва МФЛ донираше опрема (спортска опрема, реквизити, фудбалски топки) од средствата добиени од Шампионската лига наменети за развој на младинскиот фудбал во клубовите.

Претходно утврдените петнаесет клубови (Вардар, Шкендија, Работнички, Ренова, Пелистер, Академија Пандев, Победа, Шкупи, Македонија Ѓ.П. Њу Старс, Беласица, Гостивар, Брегалница, Силекс и Дарданет) примија донација на спортска опрема и реквизити во „Куќа на фудбалот“.

Од средствата од Шампионската лига, исто така се подмируваат трошоците за службените лица во сите младинските натпреварувања на ФФМ и се плаќа месечен надоместок за секој координатор на младинските категории во клубовите.

Имајќи ја предвид нашата постојана заложба за развој на младинскиот фудбал согласно Стратешкиот план на Федерацијата, а истовремено и одличните резултати на младите национални селекции и се поголемата популарност на фудбалот кај младите и овој пат во договор со клубовите одлучивме да донираме опрема и реквзити за тие категории.

Сигурни сме дека за клубовите ќе биде од голема помош. Грижата за младите фудбалери е основа за светла перспектива на секоја екипа“, истакна Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ.

Фото: ffm.mk