Фенербахче четвртфиналист во Купот, Елмас беше на клупата, но не доби шанса за настап!

Откако на првиот натпревар од осминафиналето во националниот Куп на Турција славеше со 2:0 како домаќин…

Составот на Фенербахче на реваншот одигран кај Истанбулспор славеше со 0:1 и со вкупни 3:0 обезбеди пласман во четвртфиналето.

Стрелец на единствениот гол за Фенер беше Бразилецот Гвилјано во 89. минута од средбата на „Кадиоглу“ стадионот во Истанбул.

Македонскиот интернационалец Елиф Елмас кој и официјално има право на настап за првиот тим на Фенербахче беше на клупата за резервни играчи, но не доби шанса за настап од тренерот Ајкут Коџаман.