Есенскиот шампион Шкендија на зимска пауза до 3 јануари

Фудбалскиот клуб на Шкендија ја освои есенската титула за сезоната 2017/18 во Првата македонска лига.

Како што и официјално соопштија од клубот тетовските „црвено-црни“ ќе одат на заслужен зимски одмор кој ќе трае до 3. јануари 2018 год.

После 18 одиграни кола избраниците на тренерот Ќатип Османи ја имаат првата позиција со 46 бодови, 14 повеќе од најголемиот конкурент за титулата Вардар кој има два меча помалку поради настапите во Лига Европа.

После паузата, ќе започнат и зимските подготовки, а до почетокот на пролетниот дел се најавуваат нови тренинзи, редовни тестови, пријателски натпревари со цел да се темпира формата во двете главни фази кои што ќе се одвиваат во Охрид и Анталија (Турција).

Фото: kfshkendija.com