Енис Барди го споредуваат со Роналдињо, Пирло, Меси…! (ФОТО, ВИДЕО)

Шпанските медиуми говорат за двата прекрасни голови за две минути постигнати од страна на македонскиот репрезентативец…

Енис Барди беше еден од најзаслужните за трите важни бода на Леванте на гостувањето кај Атлетик Билбао вчера во победата од 1:3 на стадионот „Сан Мамеш“.

Дефинитивно оваа сезона е еден од најдобрите изведувачи во Примера, а еве што вели досегашната статистика на нашиот интернационалец.

-Од вкупно 22 одиграни натпревари Барди во дресот на Леванте постигнал шест голови.

-Од нив четири погодоци биле реализарани директно од слободен удар, два против Атлетик Билбао, и по еден против Реал Сосиедад и Депортиво Ла Коруња.

-Оваа сезона ако ги земеме во предвид само Топ 5 европските лиги, само Лионел Меси, фудбалерот на Барселона постигнал повеќе голови од слободен удар (вкупно шест).

ОБИДИ/ГОЛОВИ ОД СЛОБОДЕН УДАР ОВАА СЕЗОНА ВО ПРИМЕРА:

-Лионел Меси 46/6
-Даниел Парехо 20/1
-Даниел Вас 17/1
-Енис Барди 15/4
-Кристијано Роналдо 14/0

-АКО ГИ ПРОПУШТИВТЕ, ДВАТА ГОЛА НА БАРДИ ПРОТИВ АТЛЕТИК БИЛБАО МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА