Елмас тренира со првиот тим на Фенербахче во Анталија! (ФОТО, ВИДЕО)

Турскиот фудбалски гигант се наоѓа на тренинг кампот во Анталија…

Фенербахче ги започна зимските подготовки и тренинзи пред вториот дел од сезоната.

Предводени од тренерот Ајкут Коџаман се тренира двапати дневно, а во оваа база ќе престојуваат од 5-13 јануари.

Како што и објавивме од овој месец македонскиот интернационалец Елиф Елмас има право на настап за првиот тим на официјални натпревари.

Тој тренираше со соиграчите од првиот тим, во претходниот период се шпекулира околу тоа дали ќе добие шанса во понатамошниот дел од турскиот шампион или до крајот на сезоната ќе биде испратен на позајмица.

На пример се шпекулираше од турските медиуми дека можно е да биде позајмен во Генчлербирлиги, а во изминатиот период била одбиена понуда од 10 милиони евра од страна на француската екипа на Лион.

Според правилникот во Турција е дозволено секој тим да има 14 интернационалци, во овој случај Фенер ќе мора да се ослободи од еден со цел да се направи место за Елмас, а се надеваме дека тоа ќе се случи наскоро.