Елмас имаше нов настап за првиот тим на Фенербахче (ВИДЕО)

Македонскиот млад репрезентативец имаше нов настап за првиот тим на Фенербахче.

Како подготовка за вториот дел од сезоната, во контролен натпревар турскиот состав ремизираше против албанската екипа на Кукси со 2:2.

Елиф Елмас настапи од 69. минута како замена за Огуз Каган Ѓучтекин, најпрвин водеше Кукси после првото полувреме со головите на Бакај и Идризи.

Во вториот дел најпрвин намали Гвилјано, а во 90-та мин. конечниот епилог го постави Фернандао. За Кукси во составот беше и нашиот интернационалец Валон Етеми.