Елмас дебитираше за У21 тимот на Фенербахче и со победа против Галатасарај

Во својот деветти натпревар во новата сезона од турската фудбалска лига за играчи до 21. година, У21 тимот на Фенербахче денеска како гостин во дербито го совлада У21 тимот на Галатасарај со резултат 1:2.

Македонскиот интернационалец Елиф Елмас кој за првиот тим на Фенербахче има право да настапи од јануари 2018 год., го имаше првиот официјален настап за У21 тимот на овој клуб. Да потсетиме, беше дел само од пријателските средби како подготовка за новата сезона.

Според информациите започнал како стартер и го покажал својот потенцијал и форма на самиот терен.

Моментно на табелата Фенербахче е на делба на првото место на табелата со 19 бодови, колку што има и Бешикташ кој пак својот меч од оваа лигашка рунда ќе го има в понеделник пред своите гледачи против Истанбул Башакшехир.