Џенова му нуди нов договор на Пандев

Како што пренесуваат италијанските медиуми, калчолигашот му нуди нов договор на македонскиот интернационалец.

Да потсетиме, во минатото коло од Серија А на домашен терен Џенова ја продолжи добрата резултатска серија и со 2:0 го совлада Интер, а еден од погодоците го реализираше нашиот репрезентативец.

Да потсетиме, поранешната ѕвезда на Наполи, Лацио, Интер и Галатасарај од 2015 год. е член на Џенова со досега 59 натпревари и седум голови и важечкиот договор му истекува годинава до јуни.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Серија А: Џенова на крилјата на „Гранде Пандев“ го покори Интер! (ВИДЕО)