Ден на македонски фудбалски мајстории: Ремек дело и на Симоновски во Романија! (ВИДЕО)

После вечерашните прекрасни голови од страна на Енис Барди и Горан Пандев…

Дефинитивно овој ден може да се заокружи како одличен за македонските фудбалски интернационалци кои настапуваат за своите клубови кога станува збор за головите.

Во рамките од шестото коло во плеј-аут групата за опстанок во најсилната романска лига, Сепси ремизираше 2:2 на гостувањето кај Ботошани.

Марко Симоновски стана еден од милениците на навивачите на неговиот клуб со неговите погодоци оваа сезона кои се клучни досега во битката за останување во елитата.

Откако најпрвин првиот гол на Сепси го постигна поранешниот играч на Работнички, Милован Петровиќ, во 61. мин. донесе водство со еден прекрасен гол.

Малку недостасуваше да бидат обезбедени сите три бода, домаќините успеаја во самиот финиш (90+4) да се спасат од пораз.

Засега Сепси е во безбедната зона на четвртото место во генералниот пласман со 20 бодови, а во следното коло ќе игра против лидерот на домашен терен, Динамо Букурешт.