Демири пред заминување, доаѓа српско засилување во Вардар!?

Како што пренесува „Вардар фанс“, Бесир Демири е пред извесно заминување од тимот на Вардар.

Дека тренерот Чедомир Јаневски не смета на Демири се потврдуваат и информациите дека тренерот на Вардар е сериозно заинтересиран да донесе нов лев бек во своите редови.

Oдлуката е падната на Србинот, Немања Вучиќ кој ги брани боите на Земун кој по се изгледа напролет ќе го облече црвено – црниот дрес.

Поранешниот младински репрезентативец во Вардар дојде во сезоната 2016/17 од тетовска Шкендија, досега има одиграно 26. натпревари во ПМФЛ без постигнат погодок. Демири по се изгледа кариерата ќе ја продолжи надвор од нашата земја.

Фото: vardarfans.mk